Радио Милева 15 години заедно

Јелена Карлеуша: „Животот би го дала за мојот Душко“

Јелена Карлеуша: „Животот би го дала за мојот Душко“

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ оваа година одбележаа 15 години како се заедно, од кои 13 години се во брак.

Пејачката истакна дека немале прослава по тој повод.

„Душко и јас сме 15 години заедно. Веќе престанавме да славиме бидејќи по 15 години тоа престанува да се слави. Како и роденден кога ќе поминше над 40. Кога станува збор за Душко, тој најмногу ме сака кога сум без шминка, без никакви додатоци кои ја валкаат маицата, кошулата, перницата…Туку кога јас сум јас, а мислам дека за една жена тоа е најважно, мажот кој те сака да те сака онаква каква што си. Затоа што ова не сум јас, ова е мојата професија. Јас приватно и професионално воопшто не сум иста“, вели Карлеуша за Стори.

„Никој не е совршен. Не постои совршен. Јас не сум совршена. Сите ние имаме недостатоци, а најмногу јас. Поенатата да го прифатите и да го сакате со сите недостатоци. Ако тражите идеален, тешко дека ќе го најдете. Ако премногу филозифирате, ќе останете сами. Треба само да го пронајдете балансот, добрите работи да бидат повеќе изразени од лошите и да работите на тоа, на комуникацијата. Некогаш недостатоците знаат да бидат многу интересни“, вели пејачката.

На прашањето да каже една мана која и е привлечна, таа вели:

„На пример знам да бидам разгалена….Знам да бидам принцеза без оглед на тоа колку Душко се нервира, но и многу му е симпатично и смешно“, вели сопругата на Тошиќ.

Таа го откри и нејзиниот рецепт за успешен и среќен брак.

„Кога луѓето се заедно во добро и лошо, кога сакаш својот живот да дадеш за некој, е тоа е вистинска работа. А оној на кој се „палиш“ на Инстаграм, ти за него не сакаш да го дадеш животот. Можеби ќе му дадеш нешто, но не се’. Oва е сепак некој за кој би го дала животот“, вели Карлеуша.

Потсетуваме, Душко неодамна беше на настап на Карлеуша и со тоа потврди дека меѓу нив се е во ред.


фото: инстаграм/карлеушастар

To top