Радио Милева дел за омилениот пејач

Во својата соба има дел посветен на Тифа: Ѕирнете во домот на Исак Шабановиќ (фото)

Во својата соба има дел посветен на Тифа: Ѕирнете во домот на Исак Шабановиќ (фото)

Рокерот и еден од омилените кандидати во „Ѕвездите на Гранд“, Исак Шабановиќ го освои второто место во музичкото шоу, а среќата ја сподели со неговото семејство.

Неговиот дом се наоѓа во Бјело Поле, а соседите во зградата во која пораснал изгледа го обожаваат.

Омилениот кандидати сега ги отвори вратите од својот дом, а неговата мајка е задолжена за уредувањето на станот.

„Сите фотографии во нашиот дом ги сликаше мојата мајка, тоа и е хоби“, вели Исак.

Во трепезаријата имаат една огромна семејна фотографија.

Исак во својата соба ја чува клавијатурата на која научил да свири како дете.

„Татко ми и многу други музичари свиреа на неа, а баш на таа клавијатура учев и јас“, вели рокерот, па го покажал и својот дел од собата кој е посветен на  познатиот рок музичар Младен Војичиќ Тифа.

„Го сакам Тифа. Пишува 06.07.2013, јас тогаш наполнив 18 години, а Тифа тогаш славеше 33 години постоење“.

Шабановиќ вели дека своите девојки не ги водел често во својот дом.

„Тоа е моминска соба и никогаш немавме нешто сериозно за да доаѓаат, секогаш одевме по хотели“:

Летните денови семејството Шабановиќ ги поминува на тераса, но и во градината на зградата каде што често се дружат со соседите.

„На терасата настана првиот корона концерт. Секоја недела кога е убаво времето и кога немаме каде, одиме во градината и правиме скара“,вели пејачот.

Инаку, од самото појавување Исак остави силен впечаток кај жирито и публиката, па многумина очекуваа тој да победи.

фото: гранд онлајн/јутуб

To top