Мегафон Ја отвори душата

Тијана призна сè за кавгите во бракот, а проблемот го гледа кај себе!

Тијана призна сè за кавгите во бракот, а проблемот го гледа кај себе!

Секогаш насмеана и расположена, пејачката има еден проблем, а тоа е како што вели тоа што не знае да се контролира со трошењето пари поради што често се кара со сопругот Милан.

„Најчесто се караме бидејќи јас имам дупки во џебовите. Трошам многу, а Милан е економист во купувањето и тоа го нервира. Само за тоа се расправаме, признава Тијана Дапчевиќ.

-Кога се караме, инсистираме тоа да се реши со разговор и не ги туркаме проблемите под тепих, затоа и го немаме во домот. Секој проблем може да се реши на убав и културен начин кога се во прашање двајца цивилизирани луѓе, вели низ насмевка Тијана за српски Курир.

Според нејзините зборови, досега ниеден маж не кренал рака на неа, а физичкото насилство строго го осудува.

-Не сум преживеала физичко насилство и фала му на Бога за тоа, ниту било кој во моето опкружување. Како би реагирала? Би убила некој“, објаснува Тијана.

На прашањето дали на сопругот би му простила неверство, пејачката без многу размислување одговори:

-Не. Неверство не простувам, бидејќи кога ќе простиш, ќе се повтори тоа уште пет пати, искрено одговара таа.

Иако често можеме да ја видиме како доста смирена личност, можеби понекогаш и ладна, Тијана вели дека таквото однесување и служи како маска.

-Јас сум мирна мачка која преде. Моето однесување кое некогаш изгледа како да имам вишок тестостерон, односно дека имам повеќе машка отколку женска енергија, ми служи како одбранбен механизам, открива Тијана.

To top