Таа денес важи за една од најзгодните и најатрактивните пејачки во регионот, а каде и да се појави го привлекува вниманието со својот секси изглед.
Наташа Беквалац преку 20 години е на српската јавна сцена, а на својот Инстаграм често знае да објави фотографии и да ги извести фановите за своите активни случувања во животот.
Овој пат, Наташа се потсети на своите почетоци, па објави фотографија од фестивалот „Белградска пролет“. За оваа прилика, таа сама се нашминкала и сама ја одбрала облеката која ја носи.
Таа се обрати на својата сестра која е моден дизјанер, Кристина Беквалац и ја праша за мислење.
„Ја…на 17 години…Фестивал „Белградска пролет“. Сама се шминкав, само го бирав фустанот, сама се дотерав. Кристина, што ќе кажеш ти на тоа?“,напиша Наташа во описот.
Според коментарите на нејзините фанови, Наташа изгледала убаво и без професионален тим кој ја средувал за настапи.
фото: Инстаграм/принтскрин/Nataša Bekvalac