Радио Милева кој ги „тркала“ протоколите

Џала Брат и Буба Корели направија скандал на настап во Улцињ: (Т)раперите мораше полицијата да ги симнува од бина (ФОТО)

Џала Брат и Буба Корели направија скандал на настап во Улцињ: (Т)раперите мораше полицијата да ги симнува од бина (ФОТО)

Буба Корели и Џала Брат настапиле во Улцињ минатаиот викенд, 3-ти јули 2021, но полицијата наводно морала да реагира за да го прекине  нивниот настап.

(Т)раперите наводно не ги почитувале протоколите против корона пандемијата и пееле подолго отколку што е дозволено во моментов. Покрај Буба и Џала, настапувале и други пејачи, а настапот на популарното дуо бил последен според планот.

Тие требало да пеат до полноќ, но и по тоа време продолжиле да ги изведуваат своите песни на сцената. Иако полицијата ги предупредила дека треба завршуваат, бидејќи ја кршат забраната за изведување музика по полноќ,  тие наводно не обрнувале внимание на тоа, игнорирајќи ги предупредувањата.

Следувала една, па друга, трета песна… а кога полицајците сфатила дека изведувачите немаат намера да ја послушаат, повикала засилување и се качиле на сцената.

По неколку минути „пријателско убедување“ успеале да ги симнат од сцената и да го исклучат озвочувањето.

Фото: Инстаграм принтскрин/bubacorelli/jalabrat

 

To top