Македонскиот пејач Никола Перевски или познат како Пере Нокаут кон крајот на ноември претходната година по третпат стана татко.
Имено, тој и неговата избраничка Јована добија ќерка за која го одбраа името Софиа. Отогаш целото нивно време и внимание е насочено токму кон најновиот член на нивното семејство.
Пере често знае на социјалните мрежи да сподели некоја заедничка фотографија со наследничката и да покаже како го поминуваат времето.
Така, пред некое време беа во Охрид, па отаму пејачот сподели неколку фотографии од таткото и ќерката, а истите наликуваат на разгледници.
Пере очигледно ужива во миговите со најмалиот член на семејството, во нејзините први мимики, гестови, насмевки, во нејзините слатки маки, будења.
Бебе како бебе, си бара внимание и посветеност, а за пејачот тоа не е проблем.
Овој пат тој на социјалните мрежи на „Инстаграм“ се пофали дека го има совршениот метод за успивање на Софиа.
Имено, тој сподели видео на кое во бебешка количка покрај Охридското езеро ја шета малата наследничка која спие, а во описот напиша:
„Успешна метода за заспивање, Биљана платно белеше додека Софиа спиеше“.
View this post on Instagram
Дефинитивно, Пере е татко за пример и ужива поминувајќи време со најмалиот член на семејството.
Инаку, Пере од првиот брак веќе ги имаат ќерките Михаела (21) и помалата ќерка Каја (13).
фото: инстаграм/пере нокаут