Една од најубавите жени во Холивуд успеа од претставниците на медиумите и фановите да сокрие дека е во блажена состојба.
Американската актерка Скарлет Јохансон наскоро ќе стане мајка.
Според пишувањата, актерката поради бременоста поретко се појавуваше на промотивните настани за филмот „Црна вдовица“, којшто деновиве почнува да се прикажува во светските кина. Бременоста ѝ е во „поодмината фаза“, според западните медиуми.
„Наскоро и е терминот за породување, а таа и Колин се воодушевени“, вели близок извор на актерката за „Page Six“.
Јохансон од претходната година е во брак со ѕвездата на американските комедии Колин Џост, а од бракот со Ромен Дауријак.ја има ќерката Роуз.
фото: профимедиа