Радио Милева крај на кариерата?

Бритни Спирс оди во пензија? Нејзиниот долгогодишен менаџер даде отказ: „Моите услуги повеќе не се потребни“

Бритни Спирс оди во пензија? Нејзиниот долгогодишен менаџер даде отказ: „Моите услуги повеќе не се потребни“

Според пишувањата на странските медиуми, Бритни Спирс може да ја прекине музичката кариера и да се пензионира.

Имено, Родолф отказ дал во писмо кое го испратил на таткото на пејачката истакнувајќи дека последен пат комуницирал со неа пред две ипол години кога го известила дека сака да направи пауза во кариерата.

„Станав свесен дека Бритни ја изрази својата намера да се повлече. Како нејзин менаџер, верувам во нејзиниот најдобар интерес да дадам отказ бидејќи не се потребни моите професионални услуги“, напишал тој во писмото.

фото: профимедиа

Рудолф соработуваше со Бритни преку 25 години, а по нејзиното сослушување на судот за старателството на нејзиниот татко, тој изјавил дека никогаш не бил старател на пејачката, но дека е горд што постигнале за овие 25 години.

Потсетуваме, Бритни се наоѓа под старателство на нејзиниот татко од 2008 година откога има проблеми со менталното здравје. Нејзинниот татко Џејми Спирс се грижи за нејзините финасии и за нејзиното здравје.

фото: профимедиа

Кон крајот на претходната година таа води судски процес со нејзиниот татко, а неодамна изјави дека си сака својот назад, но без успех бидејќи судот пресуди дека останува под старателество на Џејми. Следното рочиште е закажано за 14 јули.

To top