Поп-ѕвездата Тамара Тодевска летово ќе одржи два солистички концерти во земјава. На 29-ти јули во Античкиот театар во Охрид со почеток во 22:00 часот и на 1-ви август во Античкиот театар Хераклеја со почеток во 21:30 часот.
Влезниците за двата концерти ќе бидат пуштени во продажба на 5-ти Јули на следните локации: Скопје: Литература МК (Skopje City Mall, Буњаковец, Веро центар, улица Македонија, ГТЦ приземје, Ramstore mall); Универзална сала; бензинските на Макпетрол (Козле, Порта Влае, Илинденска); Југотон ГТЦ 1кат; Билетара на национална арена. Велес: Унисон; Прилеп: ТА Бран; Куманово: Тобако Агора; Тетово: Гранд Тобако, Тобако Монако; Гостивар: Тобако Вона Пет; Охрид: ТА Вис Пој; Битола: Литература МК. Или оналјн на МК Tickets.
Покрај двата концерти, Тамара вчера најави дека наскоро ќе биде промовиран уште еден сингл, со наслов „Порок“.