Калина Велковска, или само Кали е една од најнадежните нови вокални имиња на македонската естрадна сцена. Инаку, клубската публиката ја познава како членка на групите „Мјузаик“, „Аутмајнд“ и „Ла колони Волвокс“, но и по соработките со Калиопи како нејзин придружен вокал во 2016 на Евровизијата во Стокхолм, Александар Ристовски – Принц, Горан Папаз и како дел од музичко – ѕвездениот екипаж на проектот: „Floating through space with Sarah Mace“ на Сара Мејс.
Талентираната пејачка со препознатлив вокал сега ја има и својата прв соло-песна насловена „Ти ми зеде сè“, чиј комплетен автор е познатиот македонски композитор и продуцент Александар Масевски.
Сето тоа спакувано со интересна визуализација, за која се погрижил Александар Ристовски – Принц, додека во видеото Кали танцува на кореографија на Јана Петровска и Ивана Балабанова од „Битрикс кру“, а за нејзиниот „Лејди Гага“ изглед се погрижиле Зорица Николова (шминка и фризура) и Еми Норис (накит).
Проследете го првото соло остварување на Кали: