Македонската пејачка Мијата деновиве го прослави својот роденден. Можеби на дамите не им се бројат и не треба, годините, ама затоа на естрадните уметници им се вројат успесите и песните.
Затоа и новата песна „Невидени“, со симболичен наслов кој асоцирана тоа дека многумина не беа во можност речиси две години да ги видат саканите луѓе, доаѓа како своевиден роденденски подарок и за самата Мијата, но и од неа за нејзината публика, обожаватели, следбеници на социјалните мрежи…
После сите предизвици, а пред се’ здравствени, Мијата одлучи новата животна декада да ја започне весела, во друштво на оние што ѝ ја наполниле душата со убавини, а таа емоција воопшто и не се труди да ја сокрие.
„Како да Ви се заблагодарам поинаку на прекрасните честитки, ако не со песна. Многу Ве ценам, вреднувам и благодарна сум за секое Ваше внимание. Повелете нова песна со наслов – Невидени“ – напиша Мијата споделувајќи ја песната на својот Фејсбук.
Инаку, „Невидени“ е дело на Александар Јовевски кој ги напишал музиката и аранжманот за песната и Весна Малинова, која е автор на стиховите.
Режијата и монтажата на видеото со кое е визуелизирана „Невидени“ се на самата Мијата, а во песната и видеото уште учествуваат: Придружни вокали – Наташа Миха, пиано – Александар Јовевски, ударни инструменти – Ратко Даутовски, гитара – Данијел Маодуш (Хрватска).
Микс и мастерингот ги изработил Дамир Пух, а песната е снимена во „Green Room Sound Studio“ во Скопје.
Ако досега не сте ја слушнале и виделе „Невидени“, еве ви уште една можност за тоа: