Иако уживаат во семејниот живот, модната дизајнерка Викторија Бекам забележала дека постои нешто што и недостига во животот.
Откако нејзина пријателка станала мајка, наводно Викторија добила желба повторно да има бебе во семејството пишува „New idea“.
„Веќе со години сака уште едно дете, но досега не и успеа. Свесна е дека времето не е на нејзина страна, па го забрза Дејвид бидејќи ако тоа не се случи сега нема да се случи никогаш“, вели извор за спомнатиот магазин.
View this post on Instagram
Познатата дизајнерка има и резерва план, а тоа е дека можеби наскоро ќе стане баба.
Имено, нејзиниот најстар син е заедно со актерката Никол Пелц, а многумина тврдат дека тие нема да чекаат долго време да станат родители.