Радио Милева семејна прељуба

Дана Кариќ и Даниел Ѓокиќ имаа брак како во естрадна „инцест“ сапуница: Пејачката, ќерка на големиот српски тајкун и некогаш познатиот пејач „уживаа во брачна среќа“ се’ додека таа не дозна дека ја изневерува со нејзината снаа?! (ФОТО)

Дана Кариќ и Даниел Ѓокиќ имаа брак како во естрадна „инцест“ сапуница: Пејачката, ќерка на големиот српски тајкун и некогаш познатиот пејач „уживаа во брачна среќа“ се’ додека таа не дозна дека ја изневерува со нејзината снаа?! (ФОТО)

Поранешниот сопруг на пејачката Дана Кариќ оддамна не е популарен како што беше пред 10 години, кога беше на врвот на својата слава. Сите ги пееја неговите хитови, а дуетот со  Драгана Мирковиќ го искачи на самиот врв на музиката.

Тој беше главниот фраер на музичката сцена, бидејќи многу припаднички на понежниот пол воздивнуваа по него. Фановите со нетрпение го очекуваа неговиот следен потег, кој ќе ги „разнесе“, но напротив, тој се повлече од јавноста, мирно и без помпа.

Имено, пејачот Даниел Ѓокиќ беше во брак пет години со Дана Кариќ, ќерката на големиот српски тајкун Богољуб Кариќ. Во жарот на искрена љубов, пејачката му посвети прекрасна балада  – „Ти си единствениот“, во чие видео се појавува згодниот сопруг. Сепак, во животот не одеше сè како во љубовната песна, а во 2012 година тие договорно се разведоа.

Се шпекулираше дека причината за разводот е прељуба од негова страна и дека сите детали ги дознала и неговата Дана. Таа се шокирала кога сфатила што се случува пред нејзиниот нос и одлучила дека повеќе не сака ништо да има со него.

Медиумите пишуваа дека фаталната жена која го заведувала наводно не била ниту една друга, туку неговата снаа Елена Караман, тогаш исто така Кариќ.

Ниту Дана, ниту Даниел никогаш не проговорија јавно за нивниот брак, па причината за разводот и ден денес сè уште се шпекулира.

Сега пејачот живее и работи во Германија, каде што е и роден. Тој обожава да патува и ја користи секоја можност да ги посети европските метрополи.

Пред три години ја доби улогата на моделот Луис во популарната германска серија „Dahoam je Dahoam“.

To top