Ќерките на Здравко Чолиќ не се експонираат јавно, па речиси никогаш не може да ги видиме на јавни случувања, ниту пак пејачот изнесува детали за својот приватен живот.
Меѓутоа, изгледа постарата ќерка на пејачот, Уна Чолиќ изненади со своите провокативни фотографии.,
Имено, таа на својот „Инстаграм“ сподели објави на кои повеќе открива од што покрива.
Уна покрај море позираше во костим за капење, а во прв план се нејзините облини.
Таа го покажа својот згоден задник, а под фотографијата не престанаа да се нижат позитивни коментари за нејзиниот изглед.
„Каква риба“, „Мачка“, „Преубава си“ се само некои од коментарите кои може да се прочитаат.
Она што можеби е помалку познато во јавноста е тоа што Уна има две имиња. Во 2001 година, сопругата на Чолиќ на свет ја донесе првата ќерка, а парот одлучи да и даде дури две имиња Уна Звездана.
Потсетуваме, Здравко и Александра во 2006 ја добија и втората ќерка Лара.