Во саботата заврши уште една сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
И оваа сезона имаше двајца македонски учесници, односно Марија Груевска која заврши на шесто место и Мите Стоилков кој заврши на четврто место.
За вистинско изненадување како на публиката, така и на жирито, во оваа сезона македонската кандидатка Марија Груевска уште од првото појавување на сцената привлече внимание со нејзината модна комбинација.
На нејзиниот стајлинг посебно реагираше поп дивата Јелена Карлеуша која не остана рамнодушна и Груевска ја нарече македонска Лејди Гага, а за нејзините костими истакна дека се висока мода во „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, како што истакна младата битолчанка целиот концепт го смислил нејзиниот татко кој е свештеник, а костимите се креација на македонскиот дизајнер Златко Јовановски или познат како „ЈZJ“.
Од емисија во емисија, Марија изгледаше поразлично и оригнално, а секојпат имаше нов осмислен настап.
И Мите Стоилков кој беше под менторство на Вики Миљковиќ во последните неколку круга се препушти на дизајнерот, па кога се појави на сцената изгледаше потполно поразлично, модерно, а Карлеуша истакна дека од грдо пајче се формирал во вистински фраер.
Изгледа на членовите на жирито, им се допаднаа модните креации на Златко, па се одлучија да го ангажираат македонскиот дизајнер.
Имено, во финалето на музичкото шоу, Вики Миљковиќ се појави во црвен краток фустан кој токму е креација на македонскиот дизајнер „ЈЗЈ“.
Тој се пофали на својот Инстаграм профил дека соработувал со фолк ѕвездата, а изгледа пејачката е задоволна од крајниот резултат.
Инаку, често во „Ѕвездите на Гранд“, Вики добиваше разни коментари за нејзиниот стајлинг и беше негативно критикувана.
Дали токму соработката со пејачката ќе биде почеток, Златко да започне соработка со останатите естрадни уметници од српската музичка сцена останува да видиме.