Радио Милева „Не се поднесуваат“

„Тие никогаш нема да бидат семејство“: Се зборуваше дека ќерката на Луна ги смирила Марко и Анабела, а всушност еве во какви се односи

„Тие никогаш нема да бидат семејство“: Се зборуваше дека ќерката на Луна ги смирила Марко и Анабела, а всушност еве во какви се односи

Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ неодамна станаа родители на ќерката Миа, а се пишуваше дека наводно таа успеала да ги смири Марко и мајката на Луна, Анабела Атијас.

Меѓутоа, сега пак српските медиуми пишуваат дека се уште не се поправени односите меѓу нив.

фото: инстаграм/ луна ѓогани

„Марко и Анабела имаат основна комуникација, се поздравуваат кога ќе се сретнат, но ништо повеќе. Нема разговарање, ниту љубезност, туку само формално. Ма очигледно е дека не се поднесуваат и никогаш нема да бидат семејство. Премногу лоши работи си рекоа еден на друг. Некои луѓе може тоа да си го простат, но тие изгледа не сакаат. Можеби би си простиле кога некој искрено би се извинил, но тоа нема нема да го направи ниту Марко, ниту Анабела, двајцата мислат дека се во право. Но, сепак сфатија дека мора да склучат договор поради Луна. Луна ќе посака некој да и го чува семејството, а бабата ќе сака да ја види внуката“, вели извор за „Свет“ и додава:

фото: Инстаграм/анабела

„Двајцата сакат да ја заштитат Луна од непотребни стресови. Во јавност и двајцата ќе се воздржуваат, а во живо почитување на дистанца“, заклучи изворот.

Потсетуваме, Марко и Луна неодамна впловија во брачните води, а церемонијата ја направија во тајност без родителите на парот.

To top