Промотер

Дина Јашари умее да ви подари скриени, тивки -„Копнежи“ (ВИДЕО)

Дина Јашари умее да ви подари скриени, тивки -„Копнежи“ (ВИДЕО)

Дина Јашари е дефинитивно најголемото освежување на новата македонска музичка сцена. Со извонреден пристап кон пишувањето на песни, прекрасните сонливи аранжмани, емотивни лирики, современа, модерна и свежа продукција и хипнотизирачките настапи во живо со полно право ја ставаат Дина на пиедесталот на новата локална музичка сцена.

Деновиве го промовираше спотот за новата песна „Копнежи“ направен во соработка со Кокос Продукција.

Режијата и камерата е потпишана од Кристијан Караџовски, а монтажата е на Андреј Ристевски. Спотот е снимен во месец април и мај 2021 година.

Дина во моментов го спрема и своето прво EP издание, а наскоро публиката ќе има можност да ја види во живо во повеќе градови низ Македонија.

To top