Актерката Лидија Вукиќевиќ која важи за една од најзгодните жени на српската јавна сцена ужива во врска со 10 години помлад сликар од Италија.
Таа сега проговори за нивниот емотивен однос и како нивната врска функционира на далечина.
„Се гледаме привремено. Сакам врска на далечина, никогаш не може да досадат, секогаш ви е убаво, си недостигате еден на друг. Секој пат кога ќе се видиме како да е првпат. Кога сте нон стоп заедно многу работи се изладат, на површина излегува нешто што можеби не сте сакале. Навиката ја убива љубовта“, изјави Лидија и додаде:
„Кога партнерот ќе ми стане како брат, време е за заминување. Бидејќи и двајцата сме уметници, одлично се разбираме. Не размислувам да се преселам во Италија. Со години живеев во Холандија и Турција и сфатив дека најмногу ја сакам Србија. Можам да патувам, но овде се враќам бидејќи тука најубаво се чувствувам“.