Пејачката Јелена Карлеуша заврши на Брза помош во болница.
Имено, таа била примена поради компликација од каснување на оса. По каснувањето пејачката почнала да отекува и да се гуши поради што и била потребна лекарска помош.
Јелена итно била примена во Брза помош каде што ја добила потребната нега, а јавно се заблагодари на медицинскиот персонал.
„Им благодарам на прекрасните луѓе во Ургентниот центар…Некогаш касањето може да се претвори во оток и гушење. Но, и со запознавање на прекрасни луѓе кои спасуваат животи“, напиша Јелена.