Една од најпознатите турски двојки, актерката и пејачката Бергузер Корел позната како Шехерезад и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенч, познат како Халит наскоро ќе станат родители.
Имено, Бергузер е бремена, а неодамна таа откри дека сега очекува девојче.
„Бог знае дека многу го посакував ова. Нашето семејство, нашите најблиски пријатели, нашите најдобри пријатели, сите тие знаеја дека го сакаме ова. Да имаме големо семејство, да имаме здрави и среќни деца. Нека конечно пристигне девојчето “, напиша Бергузар.
Сега пак познатата Шехерезад позираше во сино – бело бикини и го покажа нараснатото трудничко стомаче.
View this post on Instagram
Инаку, често во медиумите се шпекулира за односот меѓу Бергузер и Халит, но тие ги демантираат сите шпекулации со заедничи фотографии.