Сведоци сме дека корона-пандемијата полека се смирува што беше доволна причина за повеќето протагонисти на македонската музичка естрада да ги засукаат ракавите и да почнат со создавање нова музика за својата публика.
Една од нив е познатата пејачка Наташа Малинкова, една од најбараните кога станува збор за „тезгите“, односно живите настапи. Таа пред само еден ден ја објави својата најнова песна „Немам зборови“, за која сними и прекрасен видеоспот. Се разбира, Малинкова и овојпат му остана верна на својот соработник Столе Аврамов, кој стои потпишан и зад оваа нејзина најнова песна.
„Со Столе се познаваме долги години и досега се потпишува на скоро сит мои песни. Ми верува, јас му верувам и воопшто немаме проблем да соработуваме. Ова е една модерна песна со певлив рефрен и заедно со Столе се согласивме дека сега е идеално време за нејзина промоција“ – ни изјави Малинкова.
Инаку Наташа и режисерската палка му ја довери на познатиот Даниел Јовески и „Дигитал Бокс Продукција“, кои се погрижиле да направат одлично видео. Покрај Малинкова во спотот се појавуваат и девојките од „Брејк а Лег“, како и Мина Здравкоска и Стефан Николиќ.
„Задоволна сум од тоа како излезе и песната и видеото. Коментарите барем засега се позитивни и верувам дека ќе си го најде патот до публиката. Сакам посебно да се заблагодарам на луѓето и целиот тим што мене и го реализиравме проектов во овие тешки времиња“ – вели Наташа.
Но, да не должиме многу, погледнете, слушнете, „лајкнете“, споделете и уживајте: