Радио Милева полуфинале

Вечерва е полуфиналето на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кои се македонските претставници

Вечерва е полуфиналето на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кои се македонските претставници

Вечерва е полуфиналето на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ сезона 2019/2021 која траше две години поради пандемијата со коронавирусот.

Оваа година, има претставници од целиот регион, како и Македонија.

Марија Груевска која е под менторство на Александар Милиќ Мили вечерва ќе се бори за влез во финалето.

По тој повод, таа се огласи на „Инстаграм“.

„24 јуни, полуфинале – „Ѕвездите на Гранд“, напиша Груевска покрај фотографија на која е облечена во модна комбинација за полуфиналната вечер.

Исто така, и Мите Стоилков кој е под менторство на Вики Миљковиќ ќе настапи вечерва и ќе даде се од себе за да влезе во финалната вечер.

-Драги мои.Полека но сигурно пристигнавме и до полуфинале!! Премногу сум задоволен од мојот досегашен успех во музичкото шоу “Ѕвездите на Гранд”. Утре ќе имате можност да го проследите премиерното издание на полуфиналната вечер и да го погледнете и слушнете мојот настап.  Се надевам дека ќе бидете позитивно изненадени“, напиша Мите на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mite Stoilkov🎙 (@mitestoilkov)

Инаку, полуфиналето ќе може да го гледате вечерва во 22часот на Канал 5 телевизија. Финалето ќе биде во сабота, а за победникот ќе одлучува публиката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ZVEZDE GRANDA (@zvezde_granda_2021_)

To top