Актерот од Театар Комедија, харизматичниот Жарко Димоски кој во последно време се појавува и во улогата на ТВ водител и пејач, ја промовираше својата нова песна „Танцувај со мене”. Текстот е дело на Жарко и Андреа Јосифова, а за музиката и аранжманот беше задолжен пејачот и композитор Димитар Андоновски, кој е воедно и продуцент на песната која и е снимена во неговото „ДА“ студио.
„Танцувај со мене” е дел од неговиот проект насловен како „Equinox 4 in 1“.
Спотот е сниман во нашето волшебно Кокино и егзотичниот Египет, а во него како актери и модели се појавуваат Мартин Костадиновски и Андреа Јосифова, а режијата на видеото ја потпишува самиот Жарко Димоски.
Во продолжение проследете како сетотоа изгледа и звучи: