Мегафон

Драмски театар со „Кармен“ го отвора Фестивалот на монодрама во Битола

Драмски театар со „Кармен“ го отвора Фестивалот на монодрама во Битола

Драмски театар Скопје со претставата „Кармен“ од шпанскиот автор Мигел Делибес, а во режија на Дејан Пројковски ќе го отвори меѓународниот Фестивал на монодрамата во Битола утревечер, 22 јуни, на сцената на Народниот театар во Битола.

Претставата „Кармен“ е исповед на една жена за нејзините неостварени желби и соништа преку кои влегуваме во светот на малограѓанштината, лажниот морал, општествените заблуди, просечноста и ниските страсти.

Премиерата на „Кармен“ беше на 23 мај 2021 година. „Кармен“ ја толкува актерката Биљана Драгиќевиќ Пројковска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Раде Василев, а композитор на музиката е Горан Трајкоски.

To top