Пејачот Даниел Кајмакоски веќе некое време живее и работи во Србија.
Имено, по разводот од неговата сопруга, моделот Кристина Димитриевска, Даниел се пресели во соседството.
Пред да започне короната, тој настапуваше по регионот, а учествуваше и во „Твоето лице звучи познато“ каде што ја однесе победата.
Во истото шоу тој се стекна со пријатели, со кои се дружи и ден денес, а една од нив е и пејачката Едита Арадиновиќ.
Имено, за време на ТЛЗП, Даниел и Едита одвреме – невреме знаеја да објават заедничко селфи и да си порачаат дека се сакаат, а изгледа тоа пријателство продолжи и по завршувањето на шоуто.
Имено, Кајмакоски во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија со Едита на која се прегрнати, а во описот напиша:
„Случајно да налетате на една од вашите омилени човечки сушества, навистина е благослов“.
Исто така пејачот обелодени дека подготвува нова песна која ќе излезе наскоро.
Колку за потсетување, Арадиновиќ неодамна се најде во центарот на вниманието кога на социјалните мрежи ненамерно објави фотографија на која е потполно гола.
Кајмакоски, пред некое време беше главна тема во медиумите кога се пишуваше дека му се слошило и заврши во болница, а наводно тој ја обвинил неговата поранешна сопруга дека му ставила нешто во кафето при нивната средба.
Дали Кајмакоски и Едита се сретнале случајно или не, или можеби подготвуваат нешто заедно, останува да видиме.