Пејачката Мира Шкориќ е дел од тимот на Јелена Карлеуша и заедно учествуваат во подготовките на кандидатите за музичкото шоу.
„Уживам во работата со тие талентирани луѓе. Многу ги сакам тие деца, тие се за мене деца. Од секој тим имам фаворити, но навивам за нашите“, вели Мира за телеграф.рс
Иако многумина сметаат дека Шкориќ одлично би се снашла во улогата на жири, таа вели дека никогаш не би можела да се замисли во таква улога.
„Ех, драго ми е што така мислат луѓето, но јас не можам тоа да го работам. Ќе се потепам со жирито, ќе направам хаос, тоа е сигурно. Затоа и не седим таму. Јас сум некој кој сака работа во студио, тоа ми е задоволство, уживам со младите, талентирани луѓе. Попрво би влегла во реално шоу отколку да седнам на столица во „Ѕвездите на Гранд“, вели Мира.
Инаку, пејачката често знае да ги насмее сите во студиото кога вика од бекстејџ и дофрла нешто за некој кандидат.