Радио Милева сега е дефинитивно крај?

Дарко Лазиќ вереницата „го откачи“ и на Инстаграм: Марина Гагиќ го отследи таткото на своето дете и ги избриша сите заеднички фотографии (ФОТО)

Дарко Лазиќ вереницата „го откачи“ и на Инстаграм: Марина Гагиќ го отследи таткото на своето дете и ги избриша сите заеднички фотографии (ФОТО)

Откако Дарко Лазиќ со месеци се уверуваше и себеси и јавноста дека тој е сè уште со Марина и дека таа ќе се врати кај него, се чини дека тој конечно ја прифати реалноста и се помири со фактот дека Марина го напуштила.

Откако се разведе од пејачката Ана Севиќ и влезе во врска со неговата свршеница Марина Гагиќ, многумина веќе коментираа дека љубовта меѓу волшебната црнка и пејачот Дарко Лазиќ нема да трае долго. Марина за српските медиуми призна дека по бројните несогласувања и расправии што ги имала со Лазиќ,  тие не биле заедно веќе четири месеци. Сега се чини дека  навистина дојде крајот меѓу нив.<

Имено, Гагиќ го отследила таткото на своето дете од Инстаграм, но и ги избришала сите заеднички фотографии.

„Ние дури и не закажавме свадба за да ја откажеме. Дарко и јас не  живееме заедно веќе четири месеци. Тој е слободен човек, може да прави што сака. Причините се јасни. Не мислам дека ова однесување му прилега, но, неговиот живот е неговата работа. Мислам дека е крајно време да се стави крај на сето ова“, изјавила Марина за српски Курир.

Фото: Инстаграм принтскрин/darkolazicofficial/gagic_marina

To top