Тијана Дапчевиќ често има пракса да прави разни екперименти кога станува збор за нејзиниот изглед, па така имаме прилика да ја видиме во разни изданија.
Пејачката сме ја видела и со црна, и со розова, кратка, долга, коса, а секојпат кога ќе се појави во ново издание воодушевува.
Дапчевиќ е позната по андрогениот изглед кој е нејзин заштитен стилски печат, па затоа и фотографиите каде имала „испади“ во некое поженствено и за неа несекојдневно издание, се изненадувачки.
Овој пат, на последната фотографија која ја објави на Инстаграм, Тијана има долга руса коса , додуша станува збор за перика, широки панталони и маичка или топ до над папокот, а овој стајлинг го дополни со патики – старки.
На себе има нежна шминка, а во вакво издание, досега не сме ја виделе.
Оваа објава на Дапчевиќ за краток период собра над 3000 лајкови, а нејзините колеги ја опсипаа со позитивни коментари.
Како ви се допаѓа Тијана во вакво издание?