Српската реалити ѕвезда со македонско потекло Тара Симов овие денови е на одмор во Македонија, родната земја на нејзиниот татко.
Таа откако беше дисквалификувана од реалното шоу „Задруга“ речиси нема ден таа да не е на мета на медиумите низ регионот… Kако што впрочем беше и на мета на погледите на скопската чаршија додека лудуваше и се забавуваше во вечерните часови по некои од најпознатите скопски кафулиња со нејзината најдобра скопска другарка, инаку по вокација иста „марка“ – само некогашна ријалити ѕвезда, Еленора Нора Миљковиќ.
Но таа и овој пат се најде повторно во центарот на вниманието во српските медиуми поради тоа, туку поради сосема нешето друго.
Тара осамна во комшиските таблоиди откако објави пиштол гола снимка додека се тушира во туш кабината.
Ова интимно видео таа го објави на „приказните“ на својот Инстаграм профил, каде жешките кадри на голата Тара совршено се вклопија и стопија со топлите млазеви на тушот.
Мала провокација до некого кој остана да војува во „Задруга“ или вообичаен аутфит на разгалената старлета, за одново да биде медиумска мета?
Фото: Инстаграм принтскрин/tarasimov