Македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска и нејзиниот сопруг Гуте Маринковиќ имаа убав повод за славење.
Имено, нивниот син Максим вчера (03.06.2021) наполни година.
Токму по тој повод, пејачката се огласи на својот „Инстаграм“ објавувајќи видео сумирајќи убави и среќни моменти со наследникот.
„Нема никаква патетика, беше доволно што се исплачав додека го правев видеото. Секој родител знае какво е чувството кога ќе создадеш нов живот. 03.06.2020 во 22 и 45 се роди ова неверојатно сушество под чии стапала цвета цвеќе. Најубаво чувство е да се биде мајка. Среќен роденден, цвете мој. Те сакам, ти си ми причина за се“, напиша пејачката покрај објавата.
View this post on Instagram
Под истата се нижеа честитки од нејзините пријатели.
Инаку, Елена и Гуте се запознаа за време на учеството во „Ѕвездите на Гранд“ кога беа под менторство на Ана Бекута.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/elena-milenkovska-i-gute-marinkovikj-ja-slavat-prvata-godishnina-od-brakot-sekoj-den-so-tebe-e-privilegija/
Потоа започнаа врска, па по неколку месеци заедно се свршија, а во јануари претходната година го кажаа судбоносното „да“, а во јуни станаа родители на син.
Потсетуваме, Елена и оваа сезона беше дел од „Ѕвездите на Гранд“ и под менторство на Александар Милиќ Мили, но испадна од музичкото шоу.