Синот на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ, Жељко денес (3 јуни) полни една година.
По тој повод бројни фанови на Цеца упатија честитки за внукот на пејачката, а се огласија и среќниот татко и баба.
„Среќен роденден љубов моја“, напиша Цеца.

„Среќен роденден, тигару“, напиша Вељко.

Прославата за првиот роденден на Жељко ќе биде во еден белградски ресторан, а како што пишуваат медиумите, Цеца издвоила 15 000 евра за прославата.
Потсетуваме, Богдана се породи на 3 јуни 2020 година во една приватна болница.