Нов ден, нова комбинација за Јелена Карлеуша, со која тешко дека нкоја друга би можела да се поистовети или да се најде сродна душа. Освена ако таа некоја не е ѓаволски привлечна и пожелна како неа, има фатална еротска привлечност, диви сексуални пориви, бујни атрибути, раскошни облини, долги екстремитети и уште подолг јазик, безобразно и брутално перверзни афинитети за провокација и егзибиционизам… и сето тоа спакувано во една личност, со која дефинитивно тешко дека некоја друга има сличност.
Токму такава Карлеуша се појави одново на новото снимање на „Ѕвездите на Гранд“, тотално поразлично облечена од било кога досега, а сепак толку смело, што вакавата комбинација не е за сечије тело!
Имено, пејачката и членка на жирито овој пат на „имиџ менито“ одбра кожа! Ново провокативно издание, кое во прв план ги става нејзините гигантски гради, долгите нозе, раскошната задница… Става се’ живо и диво, целата телесна градба и „надградба“ со која Карлеуша располага!
„Bad Bitch mode“ што би рекла самата, малку кантри, малку садо – мазо, кожен миниќ до меѓуножјето со шлицови до папок!
Имено,пејачката излезе од скапиот автомобил облечена во кожен мини-фустан, но не било каков. Горниот дел во вид на длабоко деколтиран корсет, додека долниот дел е украсен со врвки, вкрстено испреплетени во длабоките шлицеви.
Станува збор за парче облека што е резервирано за совршена фигура и оние кои немаат проблем со самодовербата, па не е ни чудно што Карлеуша ем максимално привлекува внимание, ем се чувствува многу пријатно во вакво издание.
Ова парче го комбинираше со мрежести чорапи, црн кожен каубојски шешир и кожна нараквица и ременче со метални шилци околу раката и вратот, кои и додават садо-мазо елементи на нејзиниот изглед. Соодветно на тоа, изборот на обувки е исто така специфичен, па затоа Јелена реши да обуе полувисоки црни кожни чизми над глуждови, со отворени петици и прсти.
Како дојде Крлеуша на снимање – погледнете во следното видео… Како за на „еротско родео“!
View this post on Instagram
Фото: Antonio Ahel/ATAImages/Инстаграм принтскрин/karleusastar