Дисквалификуваната кандидатка од „Ѕвездите на Гранд“, Вања Кнежевиќ на „ полиграф“ на блиц.рс и одговараше на разни прашања поврзани со нејзиниот приватен живот, за нејзиното учество во „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, таа откри дека по завршувашњето на музичкото шоу се уште е во контакт со Марија Шерифовиќ, па често знаат да се слушнат и да се поздрават.
„Често знаеме да се слушнеме, кога е некој празник, слава…“.
Кнежевиќ исто така откри дека откако била дисквалификувана не е во контакт со директорот на продукцијата, Саша Поповиќ.
Вања откри дека во емисијата се расплакала бидејќи пред неколку години имала смртен случај во семејството, па песната која ја пеела била посветена.
На прашањето дали е точно дека криела врска со пејач, Кнежевиќ вели дека не е точно, па објасни дека не сака да ги експонира своите партнери јавно.
Инаку, Кнежевиќ беше дисквалификувана од музичкото шоу откако на социјалните мрежи сподели навредливи содржини за Јелена Карлеуша, а подоцна и за „Ѕвездите на Гранд“.