Гола жена се појави во информативна програма на ТВ каналот „Украина“.
Водителите во студио сакале во живо да го вклучат рускиот новинар Димитриј Еловски.
Поради проблем со звукот, Еловски не го слушнал прашањето кое се однесувало за состанокот на лидерите на Русија и Белорусија.
„Дали нешто се случува, не слушам ништо?“, изјави мажот, па во кадарот се појави гола девојка која се снимаше себеси.
Водителите по овој скандал одлучија да го прекинат вклучувањето.
„Ќе се обидеме подоцна да го контактираме Димитриј, сега технички не е подготвен“, изјавија водителите.