Огнен Здравкоски на публиката стана познат по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ 2018/2019.
Тој беше под менторство на пејачката Марија Шерифовиќ, а стигна и до самото финале на музичкото шоу.
Здравкоски се посвети на својата музичка кариера, сними песни, а често може да го видиме и во емисиите на Гранд телевизија или во студиото каде се снима музичкото шоу.
Пејачот неодамна направи промена односно стана русокос, па сега за „Grand news“ откри зошто се одлучил за таков чекор.
„Сакам промени и ги следам трендовите. Почувствував потреба за промена, а воедно и подготвував нов спот во кој сакам да изгледам поразлично“, вели Огнен.
Тој вели дека некој кој сака да се занимава со естрада треба да експериментира и дека се кае што не правел промени додека бил во „Ѕвездите на Гранд“.
„Најважно е да бидете различен и луѓето да ве запаметат. Јас додека се натпреварвував немав промени и ми е криво што не го правав тоа затоа што можеби ќе поминав подобро, луѓето паметат кога си впечатлив“, изјави Здравкоски.
Финалистот вели дека му недостигаат „Ѕвездите на Гранд“.
„Гледам секоја сабота и ме недостигаат. Кога повторно би се пријавил, Марија Шерифовиќ ќе ја земам за ментор“, вели Огнен.
Инаку, оваа година исто така има добри кандидати во музичкото шоу, а оние кои се уште се натрпеваруваат се Мите Стоилков, Александар Јосифовски, Марија Груевска.