Цеце Трајковска Тодосовска која публиката ја памети по Утринската програма на ТВ Телма, пред речиси два месеци се породи.
Имено, Цеце и нејзиниот сопруг Стојанче за првпат станаа родители на син за кој го одбраа името Боден.
Водителката ужива во својата нова улога и во заедничките моменти со синчето. Таа е доста активна на социјалните мрежи, па неретко знае да сподели некоја заедничка фотографија со новиот член на семејството и да напише емотивна порака.
Исто така, Цеца често оди прошетки во проширен состав, а на Инстаграм знае да им покаже на фановите како го поминува времето со малото бебе.
Oвојпат, Тодосовска на својот Инстаграм објави како го дои бебето во кафуле, а во описот напиша:„
Најубавото чувство, Овие моменти не би ги менувала за ништо на светот“ напиша водителката.
Доењето во јавност за некои можеби е пракса, за некои можеби не. Многумина го поддржаа овој гест на водителката, а меѓу нив водителката на Брза кујна, Александра Илиевска која исто така се породи пред неколку месеци.
View this post on Instagram
„Следно заедно. Прекрасни мама и син“, а Цеце и одговори: “Обавезно, нашите ритуали продолжуваат“.
Инаку, откако Александра и Цеце се породија, тазе мајките неколку пати излегоа на заедничка прошетка со наследниците, односно Илиевска со ќеркичката Сара, а Цеце со синчето Бодан.