Пејачката Гоца Тржан неодамна беше на вештачко оплодување во болница во Прага, но ни овојпат не успеа да остане бремена поради што е многу разочарана.
„Не знам ни сама дали сакам да пробам повторно. Јас секогаш отворено зборував за вештачкото оплодување за да ги охрабрам сите парови да се борат, но повеќе немам сила. Нека зборуваат сега други луѓе, јас не сакам“, изјави Гоца.
„Пред да одите на вештачко оплодување мора да направите еден куп анализи. На неколку дена ви вадат крв, па резултатите мора да ги носите кај доктор, па пак во лабараторија, па пак кај доктор. И така во круг. Многумина мислат дека процесот е лесен, но не е“, додава пејачката.
„Ми се случува да отечам, да ми проработат хормоните. Секогаш бев психички силна, но тешко ми е секојпат кога вештачкото оплодување нема да успее“ вели Гоца за „Информер“.