Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ се појавија на роденденската прослава кај Анастасија Ражнатовиќ која се одржа во еден локал, а на која присуствуваа голем број на познати личности.
Пријовиќ за оваа прилика облече кратко фустанче кое одлично и стои на нејзината витка линија и ги покажа облините, додека пак Филип се одлучи за елегантно издание.
Многумина коментираат дека Александра изгледа топ и никогаш позгодно.
Инаку, до пред некое Анастасија и Александра беа одалечени и не беа во најдобри односи.
Како што истакнаа тоа се случило, бидејќи наводно нивен заедничи пријател тврдел дека тие зборувале лошо една за друга, но двете пејачки се сретнале, разговарале и сфатиле дека тоа не е вистина и ги средиле односите.