Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ се венчаа минатиот вторник, а дури подоцна ги открија деталите за венчавката.
Луна сега откри дали ќе се откаже од кариерата и ќе стане домаќинка кога ќе ја роди ќерката Миа.
View this post on Instagram
– Сите обврски околу бебето ќе бидат поделени, секако Марко ќе се грижи за детето. Јас не сум тип на жена што може да биде домаќинка и да седи дома, сакам да работам. И двајцата ќе учествуваме во сè за бебето и за работа. Знаеме дека ќе уживаме во овие слатки обврски. Искрено, едвај чекам да се роди Миа, рече Луна во шоуто „ДеТоксик“.