Maкедонската пејачка и докторка Симона Поповска, кон крајот на месец април за првпат се реализираше во улогата на мајка.
Таа целата својата бременост и веста за приновата ги криеше од медиумите и јавноста, а на социјалните мрежи тогаш не објавуваше фотографии од неа и трудничкото стомаче.
Веста за пристигнување на новиот член на семејството се обзнани на социјалните мрежи кога почнаа да пристигнуваат честики на сметка на пејачката.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/iznenaduvanje-za-javnosta-simona-poposka-stana-majka-foto/
Имено, Симона и нејзиниот сопруг Крис добија син.
Неколку дена по породувањето, пејачката објави неколку фотографии од период кога била во блажена состојба и го покажа трудничкото стомаче.
Сега пак, Поповска беше на семејна средба која ја овековечи со заедничка фотографија на социјалните мрежи, а на фотографијата е нејзиниот син во бебешка количка.
„Време за семејството“ напиша таа.
Инаку, Симона и Крис во 2018 година запливаа во брачните води.