Младата и актрактивна фолкерка, битолчанката Дани Даниела која настапува заедно со групата „Тик Так“, во едно поинакво издание. Овој пат шармантната фолкерка изненади со фолк балада за која стиховите ги напишала самата, додека музиката на Игор Перканоски од групата „Тик Так“, а за аранжманот се погрижил Славко Ристески.
Во песната кларинет свири Кире Иваноски, а придружните вокали ги пее Викторија Стојческа.
Баладата насловена „Си дозволив“ е визуелизирана и со видеоспот кој го изработила екипата на ИН продукција.
Како сето тоа звулчи и изгледа проследете во продолжение: