Радио Милева вистинска вистина

Снеже Велков со емотивен статус направи „парампарче“: „Зошто ли најубавите зборови најтешко од уста излегуваат?“

Снеже Велков со емотивен статус направи „парампарче“: „Зошто ли најубавите зборови најтешко од уста излегуваат?“

Водителката и фитнес инструкторката Снеже Велков, често е активна на социјалните мрежи, па речиси нема да не помине да покаже како го поминува времето.

На Снеже денот и започнува со физичка активност, или вежбање или пак возење на велосипед. Токму и поради кај неа на Инстаграм најзастепени се објавите од спортските активности.

фото: Инстаграм/снеже велков

Водителката често знае да сподели и како подготвува здрави рецепти, да препорача добра книга со рецензија за истата, знае да напише некој емотивен статус кој ќе ве допре длабоко.

Така беше и овојпат. Имено, Снеже на својот  Инстаграм објави статус со кој направи емотивно парампарче:

„Зошто ли најубавите зборови најтешко од уста излегуваат?  Изговараме ли? Тргни ми се! Кога мислиме Гушни ме.

Изговараме ли: Да си одиш одма! Кога сакаме да кажеме: Не ме оставај

Изговараме ли:И ти правиш исто! Наместо Извини.

Изговараме ли:Ти реков дека не можеш! наместо Сакаш ли да ти помогнам?

Изговараме ли :Добро де ете  јас ништо не знам ти знаеш се! Наместо-Ќе ме научиш ли како треба?

Изговараме ли:Сама си си крива кога треба- Тука сум за тебе!

Мислиме ли:Големо чудо што си направил- кога треба да кажеме- Браво!

Ги премолчуваме ли туѓите напредоци и успеси кога треба да кажеме:Само напред!

Изговараме ли Те мразам!Кога болката срцето ни го пара од сакање..и секоја клетка извикува-те сакам од дното на душата!

Зошто ли плукаме пламен кога вода треба да потече..лутина да избрише и тага да измие?

Зошто ли со отров стреламе кога мед треба да пуштиме.

Зошто ли оклопи облекуваме и ѕидови ставаме?
Храброст глумиме и до став инаетлив се држиме?
Зошто ли душа не ослободиме и добрина не пуштиме?

ЗОШТО ЛИ НАЈУБАВИТЕ ЗБОРОВИ НАЈТЕШКО ОД УСТА ИЗЛЕГУВААТ?“, напиша водителката на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Под објавата се следеа неколку позитивни коментари, аплауз за силната и емотивна објава на Велков. Инаку, ова не е првпат Снеже да напише ваква објава, а кога го прави тоа, го прави многу емотивно.

Снеже Велков потсети на суровата реалност на секојдневието: „Пребргу не снемува, пречесто се ретчиме…“ (ФОТО) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

To top