Конфликтот меѓу Лепа Брена и Александра Пријовиќ наводно се случил пред една година, па младата пејачка не сака да летува со својата свекрва.
Според пишувањата на српските медиуми, Брена и Александра се во конфликт од почетокот на претходната година кога Брена го продала Гранд.
„Главен проблем меѓу нив е тензијата од почетокот на 2020та година кога Брена по продажбата на Гранд одлучи своето семејство да го почести со одмор на Малдивите и во Дубаи“, вели извор.
View this post on Instagram
„Ги покани Александра, нејзината мајка и Филип, но наместо целиот аражман, на крајот ги плати само авионските карти, па тие мораа да дадат по 5000 евра во хотел. После ова нивниот однос не е ист и воопшто не комуницираа додека беа на одмор“, вели изворот и додава:
„Свесна дека Брена нема да го промени својот однос кон и Филип, Александра одлучи во иднина да не се зближува“, тврди изворот.
Инаку, ова не е првпат во медиумите да се пишува дека Александра и Брена не се во добри односи, но тие досега неколку пати имаат истакнато дека меѓу нив се е во ред.