Радио Милева мајстор во кујна

Татјана Лазаревска знаеме каква пејачка е, но сега покажа уште еден талент за кој не би помислиле дека го поседува

Татјана Лазаревска знаеме каква пејачка е, но сега покажа уште еден талент за кој не би помислиле дека го поседува

Фолкерката Татјана Лазаревска заедно со своето семејство, сопругот Новица Василевски и двата сина, повеќе од пет години живее во Австралија каде што си купија и куќа.

Пејачката е активна на социјалните мрежи преку кои редовно ги известува следбениците, пријателите, како го поминува времето, или пак споделува атмосфери од некоја прослава, забава…

А кај Татјана и Новица постојано има нешто да се слави.

Имено, пред некое време сопругот на пејачката славеше 50ти роденден, па организираа мала прослава во ресторан. Потоа, парот славеше и 18 годишнина од брак, а го прославија скромно, дома во пижами.

Татјана и Новица повторно имаа повод за славење, ама овој пат беа уникатни во замислата полна многу љубов (фото) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Лазаревска кога ќе се фати за микрфонот знае да ја крене атмосферата до максимално ниво и сите да се забавуваат.

Меѓутоа, фолкерката освен за пеење има и друг талент односно подготвување на торти со разни декоративни украси.

фото: фејсбук

Имено, како што се пофали на социјалните мрежи, пејачката со помош на нејзината другарка, пејачката Марјана направиле торта во форма на срце, со ружи и разни декорации.

фото: фејсбук

„Драги наши, ова слатко задоволство што го гледате, го направив јас со огромна помош на мојата креативна друшка Марјана Новацевска. Уживајте во глетката.П.С Јадете со очи“, напиша таа и се пофали со крајниот резултат.

фото: фејсбук
фото: фејсбук

Очигледно пејачката е мајстор во кујната и знае да направи торти како да се од слаткарница, а нејзините виртуелни пријатели веднаш ја пофалија.

To top