Реалити учесничката и пејачката Кристина Кија Коцкар го покажа своето ново момче, првпат по разводот од Слоба Радановиќ.
Имено, во кусите приказни на Инстаграм, Кија сподели фотографија на која се бакнува со фудбалерот Милош Димитријевиќ.
Инаку, неодамна Кија вака го опиша својот емотивен статус.
„Среќна сум. Имам голема инспирација од момчето со кое сум во врска. Долго време криев дека сме заедно, на пауза сме. Не разделува далечината и уште некои ситници, но немаме никакви проблеми. Јас сум заљубена и тој е заљубен, имаме поддршка“, изјави Коцкар.
Потсетуваме, Кија претходно беше во брак со Слоба Радановиќ од кој се разведе поради неверство со Луна Ѓогани,а ова е прво момче кое го покажа јавно по разводот.