Принцот Хари гостуваше во популарниот подкастинг „ Armchair Expert“ каде што проговори за непознати детали.
Животот во кралското семејство го спореди со животот на Труман Бурбенк, главниот лик од филмот „ The Truman show“ кој кам
ерите го следат од раѓање.
„Кога Меган првпат пристигна во Лондон, се договоривме за средба во супермаркет. Се правевме дека не се познаваме, си праќавме пораки еден на друг. Луѓето не набљудуваа, чудно не гледаа, доаѓаа до мене да ме поздрават“, изјави принцот Хари.
Тој призна дека никогаш не успеал да се вклопи во кралското семејство и често се чувствувал безкорисно.
„Тоа е работата зарем не? Насмејте се и гурајте напред. Имав 20 и нешто години кога размислував дека не ја сакам таа работа. Не сакам тука да работам. Погледнете што се случи со мојата мајка. Како ќе имам семејство ако знам дека тоа повторно ќе се случи“, вели принцот.
Хари исто така истакна дека Меган го советувала да побара помош од психотерапевт бидејќи често бил лут.
„Кога почнав да одам на терапии изгледаше како пукна балон. Се прашував како да ги направам работите поразлично, како да ја направам мајка ми горда“.
Во интервјуто Хари го спомна и неговиот татко, принцот Чарлс велејќи дека страдал поради воспитните методи на принцот Филип и кралицата Елизабета.
„Не треба никој да обвинуваме, или да го покажеме со прст, но кога станува збор за родителството, но ако доживеав некоја болка поради болката низ која поминаа моите родители, јас ќе се погрижам да го прекинам тој циклус да не се пренесува понатаму“, вели принцот.
Инаку, Меган Маркл и Хари го напуштија кралското семејство, а наскоро очекуваат да пристигине и нивното второ дете.