Радио Милева „Вложувам до последен денар“

Натпреварувачите во „Ѕвездите на Гранд“ открија колку пари трошат за да остават впечаток во музичкото шоу

Натпреварувачите во „Ѕвездите на Гранд“ открија колку пари трошат за да остават впечаток во музичкото шоу

Учесниците во „Ѕвездите на Гранд“ многу вложуваат за да го привлечат вниманието и да освојат што повеќе гласови.

Кандидатот Бојан Давидовиќ Бода кој на последниот настап имаше големи ангелски крила, вели дека сакал да остави впечаток.

„Сакав да оставам впечаток кај жирито и публиката. Не знам колку се исплаќа, но секогаш вложувам колку сум во можност. Ја импресионирав Јелена, на крајот од емисијата крилата завршија и кај неа. Моја беше идејата, најдов дизајнер што се занимава со тоа, му објаснив што сакам. Тоа задоволство ме чинеше 150 евра, но сега имаме соработка“, вели Бода и открива колку му требаат пари за да се подготви за еден настап.

фото: принтскрин/инстаграм/звезде гранда

„Околу 500, 600 евра ме кошта еден настап, стајлинг, матрици и се останато. За последните кругови може само да  кажам – благодарам мамо и тато“, вели Бојан.

Пред неколку години Ивана Богиќевиќ го привлече вниманието кога се појави во фустан прекриен со бонбони.

„Вложувам до последниот денар, до толку што на крајот немам ни за сок.  За време на короната ми помогна татко ми, тој е моја најголема поддршка. Тој ми помага финансиски. Не вложувам пари во настапот за да поминам понатаму туку сакам да различна и своја“, вели Ивана.

фото: принтскрин/јутуб

„Сама се шминкам, соработувам со фризери, а што се однесува за фустаните, зависи од многу работи. Најскапиот фустан ме чинеше 500 евра, плус останатите трошоци“, вели кандидатката.

Кандидатката Дана Бушиќ во Ѕвездите на Гранд се појави во костим на медицинска сестра под кој се гледаше долната облека, а како што истакна ова идеја била на нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/gjorgje-david-me-natera-da-se-pojavam-po-gakji-uchesnichkata-vo-dzvezdite-na-grand-vo-stajling-protiv-svoja-zelba-foto/

„Секако дека ова беше идеја на Ѓорѓе. Не сакав така да се облечем, но секако му верувам. Изгледав безвезе, но потоа на крајот ми се допадна“, вели Дана.

Инаку, посебно внимание во музичкото шоу привлече и македонската кандидатка Марија Груевска која на секој настап има оригинална модна комбинација, а за тоа доби многу подалби од Јелена Карлеуша.

фото: принтскрин/инстаграм/звезде гранда
To top