Промотер

Полина со својата публика однеодамна е на… – „Ти“ (ВИДЕО)

Полина со својата публика однеодамна е на… – „Ти“  (ВИДЕО)

Деновиве излезе новото видео на младата и талентирана пејачка Полина Тасева во кое таа повторно го покажа својот неисцрпен талент.

Песната насловена „Ти“ е нејзина трета песна која може да ја најдете на нејзиниот YouTube канал. “Ти” е визуелизирана и со видео запис кој Полина го работеше со талентираната Христина Трајкоска на три одбрани локации.

Замислата доби свој печат со посебните препознатливи модни креации на Андреј Ѓорѓиевски Папаз.

Музиката и текстот се на Полина заедно со Иван Петровски, додека аранжманот и продукцијата ги работеше Иван.

„Процесот е долг, но, прекрасен, се осврнуваш на идеите и стекнатото знаење, потоа чекориш само напред додека не стигнеш до реализација и готовиот производ. Тогаш веќе си среќен со тоа што си го направил, а задоволството е огромно. Благодарност до целиот тим кој ме следеше во подготовките и ме поддржуваше за овој проект да излезе успешен.

Со Иван работиме и на останатите песни кои во иднина ќе го заокружат мојот прв соло албум… следете не, ќе бидеме повторно со вас за скоро време со нови музички освежувања“- порачува Полина!

Погледнете го видеото за „Ти“ на Полина во продолжение:

To top