Актерот Раде Шербеција во интервју и поласка на Јелена Карлеуша, а позната пејачка на „Инстаграм“ ги сподели неговите пофалби.
„Ја овожавам оваа, како се вика, Карлеуша….Ме шармираше со својот памет, интелигенција, потполно прекрасно лице“, изјави Раде за ТВ Прва.
По овие пофални зборови се огласи и Карлеуша.
„Човекот е цар, легенда, голема ѕвезда, единствен наш актер од овие простори кој направи светска кариера. Ја пратив снимката на Саша Поповиќ да слушне како Раде ме фали, но Сале не слушнал тоа туку дека Раде гледа Гранд и ми рече: „Раде Шербеџија гледа Гранд“. Јас му одговорив: „Да, гледа Гранд, но погледни како ме пофали мене“, а тој ми одговори: „Да, да човекот е цар“, изјави Јелена.
„И ме пофали, и гледа Гранд, па човекот е вистински крал. Што ќе ми се хејтери кога ме фалат вака светски личности. Горда сум и се надевам дека некогаш ќе можам да му возвратам“ изјави Карлеуша за телеграф.рс