Македонската манекенка и модел Емилија Розман изненади на својот Инстаграм профил со објавата дека за неколку месеци ќе стане мајка.
Имено, таа објави фотографија на која се гледа нараснатото трудничо стомаче, а како што стави во описот, таа е во третиот месец од бременоста и чека не едно туку две бебиња, односно носи близнаци.
-Едно е подобро од две – пишува убавата Македонка која неодамна го прослави својот 29-ти роденден, но и стана тетка по вторпат и доби внука од својот постар брат.
Изминатиот период Розман не откриваше детали од својот љубовен живот, па непознато е кој е нејзиниот партнер и татко на децата. За потсетување,Емилија Розман минатата 2020 година ја обзнани свршувачката со момче кое го познаваше едвај 24 часа.
View this post on Instagram
Но, љубовта на прв поглед не траеше долго. Мисицата Розман после неколку недели од романтичното запросување, „се разведе“ од својот невенчан сопруг.